07.04.2026.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја поддржува надградбата на полициската станица Бит Пазар

Реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар во Скопје сега е подготвена за користење, по заедничкиот потфат на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи.

Мисијата обезбеди опрема и материјали, а министерството ги изведе зафатите во реновирањето. Надградениот простор ќе поддржува обуки, координативни состаноци и секојдневна полициска работа, со што се помагаат службениците да работат поефикасно и подобро да им служат на нивните заедници. 

„Многу ми е мило што имаме континуирани чекори коишто во иднина ќе нè доведат до подобри услови за работа за полициските службеници“, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, додавајќи дека конференциската сала би можела да служи како дом за заеднички активности на Мисијата и на Министерството во иднина.

„Ова е како практичната соработка испорачува вистински резултати. Кога професионалците имаат поддршка од модерна, добро опремена инфраструктура, тие можат подобро да служат на нивните заедници“, изјави шефот на Мисијата, амбасадорот Килиан Вал.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжува тесно да работи со своите партнери со цел да испорача конкретна поддршка која ги зајакнува институциите и придонесува за побезбедни заедници.